Турбоинженеринг
Добредојдовте!
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ,ЖИВОТНА СРЕДИНА,БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА


Политиката за управување со квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа во Турбоинженеринг се заснова на остварување и одржување на репутација во бизнисот преку обезбедување квалитетни, навремени и ефикасни услуги за нашите клиенти со цел задоволување на нивните барања, потреби и очекувања. Приоритетни задачи во остварувањето на долгорочна деловна политика се воспоставување на систем на управување со квалитетот и заштита на животната средина, неговото одржување и постојано подобрување и вложување во создавањето на безбедни и оптимални услови за работа.




Клучни цели согласно политиката за управување со квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа:

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања во производството, монтажата и сервисот на пумпи, барањата на клиентите и законските барања.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ се обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите кои ги нуди.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системите за управување со квалитет, околина и здравје и безбедност при работа и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ постојано ќе се стреми кон подобрување на своите дејности, производи и услуги да бидат во склад со животната. средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.

• ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност во согласност со соодветните прописи и закони за заштита на здравјето и безбедност при работа.

Во Скопје, 22.07.2019 година